Јелен: Владата на САД би можеле да остане без пари ако не се зголеми границата на задолжување

Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Министерство за финансии на САД соопшти дека можно е да не може во целост да го сервисира државниот долг од 1 јуни ако Конгресот не ги зголеми лимитите за задолжување, што дополнително ќе ја интензивира жестоката фискална битка меѓу републиканците и демократите во Конгресот и Белата куќа.

Во писмото до Конгресот, министерката за финансии Џенет Јелен наведе дека ресорот најверојатно нема да може да го покрие целиот долг на Владата до „почетокот на јуни“, како што беше претходно прогнозирано.
Таа предупреди дека САД на 1 јуни би можеле да не можат да ги намират побарувања, доколку не се постигне договор меѓу републиканците и демократите за зголемување на плафонот на долгот, поставен на околу 31 трилион долари.

На 19 јануари беше достигната плафонот за заем од 31,4 трилиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот