ВИДЕО | Јавноста ги осудува: Српски инфлуенсерки посвоија куче па го вратија во азил

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Српските инфлуенсерки Наталија и Јулија Ѓукиќ, познати како „фитнес близначки“, предизвикаа бурни реакции во јавноста откако објавија дека го посвоиле кучето Беки, а потоа го вратиле во азил.

Својата одлука ја објаснија за Блиц ТВ и најавија тужба против сите луѓе, вклучително и јавни личности, од кои добивале закани и навреди. Објаснија дека нивната одлука не била лесна и дека Беки многу им недостига, но и дека се многу среќни бидејќи го „оставиле таму каде што припаѓа“.

 

@fitness.bliznakinje Hvala na podršci svim dobrim ljudima. Nama je bilo bitno da se mi uverimo da mu je tamo lepo i to smo i videle. U stanu nije bio srećan. Bukvalno svaki put kad ga minimalno ostavimo vratimo se i on bude sav zadihan, bukvalno doživi nervni slom. Kada smo ga prvi put kod deke ostavile u dvorištu videle smo koliko je bio srećan.💜I niko nije poznavao Bekija, ne znaju šta mu prija, a šta ne, a pričaju o njemu. Niko nije čuvao njega i ne zna ništa o njemu, a umeju da komentarišu i osuđuju. Gde je sve bio, nemaju pojma.. Nas dve spavamo mirno i spokojno, a naš Beki uživa sa svim kucama srećno – kao što vidite. Ne možete našu dobrotu da ugasite, a ni njegovu sreću.✌️ A @Animal rescue Nikola ♬ original sound – fitness.bliznakinje


– Ни недостига Беки. Му го спасивме животот, се грижевме за него, но многу сме среќни што го оставивме токму таму каде што припаѓа. Морам да нагласам дека немавме намера да го посвоиме, но една пријателка ни го донесе среде ноќ. Одлуката не ја донесовме преку ноќ, од почетокот кога го зедовме, одлуката беше дека ќе го излекуваме Беки кај нас, ќе му обезбедиме целосна нега и таа работа навистина добро ја завршивме – рекле сестрите.

Близначките тврдат дека никогаш не помислиле дека кучето ќе остане кај нив засекогаш, но дека „адекватно го згрижиле“.

– Кога видовме дека Беки целосно се опоравил, на крајот соодветно го згриживме таму каде што ќе живее убав живот. Ние никаде јавно не напишавме дека засекогаш сме го зеле. Кога го земавме Беки, тоа не беше само наша одговорност, туку и одговорност на луѓето кои ни помогнаа. Нè осудуваат затоа што нашиот дедо има голем двор, па зошто таму не сме го вдомиле – велат тие.

Сестрите објасниле дека однеле храна во азилот и уплатиле пари и дека „засекогаш ќе помагаат“, додавајќи дека „ставиле акцент на својата хуманост“ и ја промовирале „прекрасната работа“ што ја прават луѓето во азилот.

– Доживевме големо насилство на интернет. Луѓето нè осудуваа и ни се закануваа нам и на нашето семејство на најлош можен начин. Сакаме да дадеме фокус и на познатите личности кои јавно нè навредуваа, кои ни рекоа дека заслужуваме да бидеме во кафез и да нè имитираат, тоа е лош пример и ширење говор на омраза. Никој од нив не нè покани да ја слушне вистинската приказна. Сè снимивме и ќе се бидат покренати тужби. Никој не го знае Беки и низ што поминавме. Луѓето треба да ни се поклонуваат што му помогнавме на Беки, како и личноста во азилот која се грижи за животните – рекле сестрите.

 

@fitness.bliznakinje Replying to @rs._139 ♬ original sound – fitness.bliznakinje

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот