Јсп/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите, од утре ќе можат да се продолжат билетите

Јавниот превоз во Скопје за студенти официјално ќе продолжи да биде бесплатен од први јануари, а одлучено е дека се продолжува и бесплатниот јавен превоз за пензионерите, информираа попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) за „Мета.мк“.

„Ќе продолжиме да ги заверуваме билетите за студентите и пензионерите. ЈСП Скопје ќе ја продолжува важноста на картичките и за наредната година“, велат од ЈСП.

Владата денеска најави одлука за префрлање на парите на 31 декември, а од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) досега немаше конкретни информации за тоа кога и како ќе се продолжува важноста на студентските билети, што предизвика неизвесност околу тоа дали јавниот превоз ќе продолжи да биде бесплатен и во новата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот