Јавен обвинител даде насоки за постапување за бруталното претепување на 15-годишното девојче од страна на врснички

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје е известен за настанот во кој две малолетнички на очиглед на толпа ученици кои набљудуваат и снимаат со мобилни телефони брутално претепуваат 15 годишно девојче во центарот на Скопје.

Дадени се насоки за постапување, велат од Јавното Обвинителство за Слободен печат.

Како што веќе објави Слободен Печат, трауматичниот и вознемирувачки настан се случил среде бел ден завчера во центарот на Скопје во близина на грчкиот конзулат.

Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот.

Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми. По бруталното претепување таа сама дошла до гимназијата во центарот на градот, но поради исцрпеноста колабирала пред обезбедувањето по што биле викнати нејзините родители.

Снимката ја направила толпа ученици кои или набљудувале или се потсмевале со овој сериозен настан. Девојчињата што ја претепале ја навредувале со погрдни зборови.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | 15-годишно девојче среде Скопје брутално претепано од соученички, заврши со тешки повреди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот