Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Јаневска: На затворениот приватен факултет му дадовме рок од еден месец да ги реши неправилностите, но не реагираше

Министерството за образование и наука (МОН) по завршување на локалните избори ќе продолжи со инспекции и контроли во високообразовните установи, најави денеска министерката Весна Јаневска.

Таа информираше дека е затворен приватен факултет за бизнис и економија во Скопје, поради сериозни неправилности во работењето и непостапување по дадените забелешки.

– Направен е увид во оваа институција, каде што беа утврдени бројни неправилности, од кадар до опременост. Им дадовме рок од еден месец да ги отстранат, но не реагираа, а дополнително ги изгубија и просторните можности. Се обративме до Агенцијата за квалитет во високо образование, која потврди дека овој т.н. факултет е нефункционален. Вчера издадовме решение за привремен престанок на неговата работа – појасни Јаневска.

Таа додаде дека досега се затворени 14 приватни научни институти, а ова е првата високообразовна приватна установа која е затворена.

Приватен факултет во Скопје е затворен, му нашле неправилности и не ги поправил

– Се надевам дека дел од високото образование кое не ги исполнува условите ќе пристапи кон самозатворање, ако не, ние ќе ги затвориме – истакна министерката.

МОН вчера соопшти дека поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување, донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот