Јакимовски кон Мицковски: Ќе ве победам зашто сум далеку подобар кандидат од Гордана Силјановска Давкова

Стевчо Јакимовски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски му реплицираше на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој претходно денеска рече дека улогата на Јакимовски на изборите била да се ослабне резултатот на Гордана Силјановска Давкова.

Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам среќа и успех на вашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и немам лоша мисла за неа. Но јас никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ беа најјаки се спротиставив на погрешни политики и ги победив за да промовирам автентична сопствена политика. Јас не сум ад-хок политичар и не прифаќам споредни улоги туку главни улоги. Во секоја изборна кампања јас имам сопствена идеа и своја програма и со неа победувам, потоа кон истите се приклучуваат останатите политички субјекти зошто секогаш сум бил иновативен, оргинален, рационален и доболно храбар да го спроведам тоа што сум го намислил. За жал Христијан игра улога недостојна за Македонец. Пред очите на македонската јавност, режисерите од надвор го ослабнуваат ДУИ, ја делат Алијанса и му ги додаваат другарите на Албин Курти БЕСА, како иден коалиционен партнер. Христијан по изборите треба ја одигра марионетската улога за промена на уставот а веднаш потоа да признае дека сме нација од 1944, да прифати дека нашиот јазик е бугарско наречје и дека споделуваме иста историја, дека македонските револуционери се бугари по род, вклучувајќи ја и македонската икона Гоце Делчев, вели Јакимовски.

Тој додава дека бил потценет и во 2013 година, па Мицковски ја делел опозицијата со свој кандидат.

Секогаш кога сте ме потцениле сте губеле и така и сега Ви порачувам дека ќе поминете исто како во 2021 година! Ќе ве победам, затоа што јас имам искрени и чесни намери! Ќе ве победам затоа што немам скриена агенда! Ќе ве победам затоа што јас имам прави идеи, додаде Јакимовски и рече дека народот во него препознал личност која ќе се спротистави на предавства.

Ме потценувате повторно, ме потценивте и во 2009та, токму Вие загубивте од мене. Ќе ве победам затоа што во моите пораки нема лага. Ќе ве победам затоа што јас сум Македонец! Ќе ве победам затоа што сум далеку подобар кандидат од Гордана! Ќе ве победам и нема да инсталирате марионета! Христијан се гледаме на избори,  стои во објавата на Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот