
Извршен е атентат врз Асад?
Сириската опсерваторија за човекови права, повикувајќи се на приватен извор, тврди дека експретседателот на Сирија, Башар ал-Асад, бил затруен, а целта на атентатот била „да се дискредитира руската влада и да се обвини за соучесништво во неговата смрт“.
Се појавија извештаи за атентат врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад во Москва.
Препорачано
Организацијата за човекови права, Сириската опсерваторија за човекови права, повикувајќи се на приватен извор, тврди дека Асад во понеделникот бил пуштен од болница на периферијата на Москва, пренесе „Дејли мејл“.
— المرصد السوري لحقوق الإنسان (@syriahr) October 1, 2025
Изворот наводно навел дека Асад бил затруен и дека мотивот зад атентатот бил „да се посрами руската влада и да се обвини дека е соучесник во неговата смрт“. Се наведува дека состојбата на Асад сега е „стабилна“.
Само неговиот брат, Махер Асад, имал дозвола да го посети во болница, под силни безбедносни мерки, се тврди.
Претходно, непотврдени извештаи сугерирале дека тој бил примен во болница во „критична состојба поради труење“.
Руската влада досега не се има огласено за ваквите тврдења, а досега нема независни докази за негово труење.
Еден претходен извештај, откако Асад беше во Русија помалку од еден месец, тврдеше дека тој „се пожалил на обезбедувањето дека се чувствува лошо и дека има проблеми со дишењето“. Сепак, ова тврдење не беше потврдено.
Поранешниот диктатор доби политички азил во Русија откако беше симнат од власт пред десет месеци. Новите сириски власти побарале екстрадиција на Асад, но Русија досега одбивала.
Путин лично му додели азил на Асад заедно со неговите семејство и соработници од режимот. Асад, кој има 60 години, не е виден во јавност откако пристигна во Русија и се претпоставува дека е под строга заштита на руските тајни служби.
Американскиот Стејт департмент проценува дека семејството на поранешниот диктатор вреди околу 2 милијарди долари, со богатство сокриено во бројни сметки, фирми, офшор даночни засолништа и портфолија со недвижности.
Тој, неговата сопруга и нивните три возрасни деца ги напуштија сириските палати и започнаа нов живот во Москва кога Путин им додели азил во декември.
Се смета дека семејството Асад искористило семејни врски и обемни средства во Русија за да го задржи удобниот живот во егзил и се претпоставува дека купило најмалку 20 станови во Москва во вредност од над 30 милиони фунти во последниве години, што ја потврдува Русија како безбедно засолниште за кланот.