фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Извлечени групите во Лига Европа: Вардар доби ривали со кои може да се надигрува

Денеска во Европската ракометна федерација беа извлечени групите за Лигата на Европа каде што Вардар веќе го има обезбедено своето место, додека Алкалоид треба да го помине Хановер во плејофот за да дојде до групите.

Вардар имаше среќа на ждрепката и од првиот шешир го доби Кристијанштад, екипа со која има четири победи во исто толку натпревари, па така јасно е дека вардарци може да се надигруваат.

Во групата „Ф“ ќе биде и француски Тулуз, додека четвртиот тим ќе го даде пресметката помеѓу Дуго Село и Сесвете.

Алкалоид пак доколку го помине Хановер ќе оди во групата „Г“ каде што се: Фредериција, Татран Прешов и Савехоф или Малме.

Група А: Флензбург, Потаиса Турда, Морс Ти/Сент Рафаел, Бидасоа Ирун/Брага
Група Б: Монпелје, Островија, Кил, Берн/Чаковец
Група Ц: Гранољерс, Слован, Скандерборг/Маритимо, Баиа Маре/Стјарнан
Група Д: Порто, Фрам, Елверум/Торелавега, Горење/Криенс
Група Е: Мелсунген, Ференцварош, Бенфика, Глогов/Карлскрона
Група Ф: Кристијанштад, Вардар 1961, Тулуз, Дуго Село/Сесвете
Група Г: Фредериција, Татран Прешов, Хановер/Алкалоид, Савехоф/Малме
Група Х: Кадетен Шафхаузен, Нексе, Адемар Леон, Партизан/Карвина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот