Израел во наредните години може да изврши напади врз иранските нуклеарни капацитети, вели министерот за одбрана

Архива на СП

Израел наредните две или три години може да нападне ирански нуклеарни капацитети, изјави министерот за одбрана, Бенјамин Ганц.

Невообичаено отворената изјава на израелскиот министер за одбрана доаѓа во време кога се водат тешки преговори за заживување на нуклеарниот договор, а додека иранските власти продолжуваат со процесот на збогатување ураниум, што покрај за цивилна употреба потенцијално може да се користи и за нуклеарно оружје.

„За две или три години, можеби ќе летате на исток и ќе учествувате во напади на нуклеарни локации во Иран”, рече Ганц во обраќањето пред новодипломираните воени пилоти.

Повеќе од една деценија Израел упатуваше прикриени закани дека ќе изврши напади врз нуклеарните постројки на Исламската Република доколку меѓународните дипломатски разговори со Техеран не дадат резултати.

Предвидувањата на израелското разузнавање за 2023 година се дека Иран „ќе продолжи со бавен напредок” кога станува збор за нукеларната технологија.

„Иран ќе ја промени својата политика само ако бидат воведени строги санкции, но тогаш може да реши да го забрза збогатувањето ураниум токму за воена употреба”, се наведува во извештајот на разузувањето чија автентичност ја потврди и портпарол на израелската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот