
Излезе „Културен печат“ број 301 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 301, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.10.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– интервју со филмскиот режисер Георги М. Унковски: Успехот на „Диџеј Ахмет“ ги надмина сите очекувања кои ги имавме
– разговор со Дарко Јовчевски од „Котур“ за фестивалот на филм и музика „Ѕирни“: Јавните површини ни припаѓаат на сите нас
– јубилејното 20-то издание на фестивалот за современи уметности „Акто“ се одржува од 2 до 5 октомври во Железничката зграда во Скопје
– во галеријата „Остен“ од 2 до 22 октомври е поставена изложба на полскиот уметник Кжиштоф Конопка со наслов „Орапизам – уметност на инацијата“
– македонската уметница Марија Павловска учествува во меѓународната групна изложба „Имагинација на мајстори“ во Музејот на современа уметност во Торино
– промовирана е книгата „Драмолетање“ со четири нови драмски текстови во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
– претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци – Скопје постигна голем успех на Петтиот меѓународен фестивал на куклена уметност – ФЛУМ 2025 во Мостар
– издавачката куќа „Прозарт медиа“ ја промовираше книгата „30 современи грчки автори“ како дел од дополнителната програма на фестивалот „Про-за Балкан“
– промоција на книга со афоризми под наслов „Афористичка татковина“ на Ирена Павлова де Одорико се одржа во ДПМ
– во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје на 4 октомври, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“
– промоцијата на новата стихозбирка на Андреј Медиќ Лазаревски, „Багет полн печени полжави полиени со уље истечено од Вардаровите галии“, се одржа во рамки на фестивалот „Ре-култура“.