
Излезе „Културен печат“ број 300 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 300, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.9.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Елизабета Баковска и Ненад Стевовиќ за книгата „Совршен поет“: Игор Исаковски беше вечен бунтовник против конвенциите
– разговор со филмскиот критичар Игор Анѓелков за селекцијата на фестивалот „КинеНова“: Филмот секогаш бил силен токму во време на криза
– европски културни вредности со балкански ритам носи музичкиот проект „Една песна, една Европа“
– Биенале на наградени автори на „Остен“ се одржува во Струга
– во македонскиот КИЦ во Загреб отворена е изложбата „Заоѓања“ на Никола Пијанманов: Светлост со необична моќ
– новата културна сезона во Францускиот институт во Скопје е отворена со инсталацијата „Страв од љубов“ на Клелија Живковиќ
– СОКОМ го најави 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, кое ќе се одржи од 29 септември до 16 октомври
– Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт
– на платото на Музеј на Македонија и Куршумли-ан на 27 септември ќе се одржи деветтото издание на „Скопје винил конвенција“
– прв македонски добитник на книжевната награда „Букстар“ е писателот Блаже Миневски
– во издавачката програма на „Струшките вечери на поезијата“ од печат излезе панорама на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“, која ја приреди Славе Ѓорѓо Димоски
– книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ристо Лазаров со наслов „Врне ли, врне“.