Насловна страница на „Културен печат“ број 298

Излезе „Културен печат“ број 298 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 298, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.9.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со вокалистот, гитарист и сонувач Крсте Роџевски: По тишината, музиката е најкраткиот пат до емпатијата

– разговор со писателката и визуелен уметник Александра Нашевска: Човечкиот дух не одекнува со еден единствен глас

– добитници на меѓународната награда „Драги“ за најзначаен превод на книжевно дело од македонски автор се Кристина Е. Крамер и Роли Грау: Достоинствен препев на поезијата на Ацо Шопов

– лауреат на наградата „Прозарт“ на 13. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ е словенечкиот писател Евалд Флисар

– ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“

– добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ за најдобра необјавена поетска книга е Александра Јуруковска со збирката песни „Ткажалки“

– Министерството за култура и туризам покрена интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во Крушево

– Скопје танцовиот театар со претставата „Д (како Дездемона“) во кореографија на Рисима Рисимкин на 13 септември ќе настапи на сцената на театарот „Камплој“ во Верона, Италија

– меѓународната уметничка колонија „Арт поинт – Гумно 2025“ на 13 септември организира Отворено студио во селото Слоештица

– во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп од 12 септември е поставена изложбата „Украс“ на уметницата Марјана Костојчиноска Узунчева

– издавачот „Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ на Цветан Гавровски

– во Драмски театар Скопје од 11 до 20 септември се одржуваат Денови на претстави од независната театарска продукција

– во НУ Народен театар Битола почнаа подготовките за претставата „Пламенка“, која се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот