
Излезе „Културен печат“ број 286 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 286, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (21-22.06.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Гере Трипков за четвртото издание на фестивалот на инклузија „Инфјужн“: Го урнавме ѕидот на предрасуди
– разговор со поетесата Милена Сиљаноска за нејзината стихозбирка „Куќичка на дрво не е дом“: Поезијата е природна за поетот исто како и дишењето
– разговор со Пепи Стамков за неговата дебитантска збирка поезија „Собрани остатоци од светот“: Го пишувам она што сакам да го прочитам
– во Друштвото на писателите на Македонија се одржа традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“
– во Националната галерија, објект Чифте амам, на 19 јуни до 31 јули ќе биде изложено уметничкото дело „Inter Spem et Metum“ (Помеѓу надеж и страв) на Славица Јанешлиева
– маестралниот композитор и музичар Кирил Џајковски на 15 јуни одржа незаборавен концерт во преполната сала на Националната опера и балет
– Дирекцијата за култура и уметност – Скопје со изложба и концерт на 21 јуни го отвора 46-тото издание на фестивалот „Скопско лето“
– третото издание на фестивалот „Креденце данс“ во организација на ФМУ се одржа од 16 до 21 јуни со Вечери на класичен балет и Вечери на современ танц
– наградата „Ѓорѓи Македонски“ на Фестивалот на класичен балет и модерен танц на ДКЦ „Карпош“ годинава ѝ беше доделена на Рисима Рисимкин
– премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“ во Националната опера и балет на 25 јуни е во чест на јубилејот 25 години уметничка дејност на прима балерината Марија Кичевска Шокаровска
– Македонскиот народен театар од Скопје и Градското позориште од Подгорица потпишаа Меморандум за соработка
– стихозбирката „Скршен терариум“ на младата поетеса Филипа Сара Попова на 18 јуни беше промовирана во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје
– во издание на „ПНВ Публикации“ од печат излезе книгата „Песни“ од Мајаковски во избор и препев на Славе Ѓорѓо Димоски
– низ разговор за трите последни романи на Владо Јаневски, на 24 јуни, во 19 часот, авторот ќе биде претставен во просториите на ДПМ во Скопје.