Насловна страница на „Културен печат“ број 283

Излезе „Културен печат“ број 283 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 283, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (31.05.-01.06.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со историчарот на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски за изложбата „Црвен се барјак развева“: Имаме на што да бидеме горди

– програмата на 24. Оф-фест носи широка и богата лепеза на жанрови и емоции

– разговор со францускиот театролог и писател Патрис Павис: Сакам да бидам изненаден од театарските претстави

– Театар Комедија беше домаќин на еден од најголемите современи театарски режисери Деклан Донелан и го промовираше македонскиот превод на неговата книга „Актерот и просторот“

– Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин, ќе учествува на 70. „Стериино позорје“ во Нови Сад

– Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја најави премиерата на претставата „Чиста куќа“ од Сара Рул во режија на Тамара Стојаноска, која ќе биде изведена на 31 мај

– во галеријата „Остен“ од 29 мај до 15 јуни ќе биде поставена изложбата „Жени уметници од колекцијата на Остен“

– мултимедијалниот и визуелен уметник Страхил Петровски од 4 до 14 јуни во „Апстракт проџект галери“ во Париз ќе го претстави проектот „Реминисценции“

– од печат излезе второто изменето и дополнето издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“ од Свето Стаменов

– издавачката куќа „Или-или“ на 27 мај во „Буква“ ја промовираше збирката раскази „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети

– „ПНВ Публикации“ на 29 мај во кафе-книжарницата „Буква“ ја промовираше стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!