
Излезе „Културен печат“ број 271 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 271, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (8-9.3.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Јасминка Намичева, кустос-советник за изложбата „Сите деца на Родољуб Анастасов“: Имав голема среќа и привилегија да се среќавам со големи уметници
– разговор со балетскиот уметник и кореограф Ирена Лозинска: Неизмерна љубов кон балетот и танцот
– БЕАМ Фестивал ги додели наградите за најуспешните проекти и креативни постигнувања во индустријата за настани
– врвни авторски ракописи во чест на 8 Март се изложени во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје
– МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ја најави новата платформа за поддршка и промоција на македонската современа драма со наслов „Драмолетање“
– прва премиера во Битолскиот театар во тековната 2025 година беше праизведбата на драмскиот текст „Жиголо“ на современиот македонски автор Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски
– во МНТ се одржаа првите читачки проби за претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан
– во Музејот на современата уметност во Скопје е поставена изложбата „Калдер – Флуидна модерност“
– деветтата самостојна изложба на Анита Огњановска со наслов „Во спокој“ од 5 март е поставена во двата изложбени салони во КИЦ – Скопје
– изложба на дела на учесниците на последната сесија на летната школа „New Art For/u/m“ е отворена во Галерија ФЛУ
– деновиве од печат излезе „Амбиент“ – книга шеста (2021–2024) со анализи, колумни, коментари и интервјуа на новинарот Зоран Иванов
– во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје на 5 март се одржа разговор со писателката и преведувачка Калина Малеска за романот „Светот што го избрав“
– ново издание на Издавачкиот центар „Три“ е романот „Невидливите бесови на срцето“ од ирскиот писател Џон Бојн.