Изчезнатиот велешанец Панче Жежовски е пронајден убиен во Велес, го убила истата група што ја уби малолетната Вања од Скопје

Најдено е телото на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски во Велес, кој е исчезнат од 24 ноември, а според соопштенијата на МВР и на Јавното обвинителство, го убиле истите лица што ја убиле 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие тело вечерва е пронајдено во околината на Скопје.

Претходно, на 28 ноември, полицијата соопшти дека на 27 ноември, дента кога исчезна ученичката Вања од пред нејзиниот стан во Дебар Маало, во 15.40 часот во село Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило со кое била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака за која било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес.

Полицијата вечерва соопшти дека денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес.

„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“, се вели меѓудругото во соопштението на МВР за убиствата што ја потресоа македонската јавност и регионот.

Вања пронајдена мртва, убиена е неколку часа по грабнувањето

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот