Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Ивановски без загубен гем до четвртфинале на фјучрсот во Скопје

Без ниту еден загубен гем најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до четвртфиналето откако за 53 минути игра го совлада Хрватот Ален Бил со 2:0 во сетови 6:0, 6:0 на фјучрс турнирот во Скопје.

Ивановски в петок за противник ќе го има Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина, кој со 2:1 во сетови го совлада Петр Нестеров од Бугарија.

За доминацијата на нашиот тенисер најдобро зборува податокот што учинокот на освоени поени беше 52:20, со искористеност на брејк топки 6/9, додека Бил немаше ниту една брејк топка во мечот. За Хрватот Бил ова беше прв поен во кариерата.

Горазд Србљак претрпе пораз од петтиот носител на турнирот Ерги Киркин од Турција со 6:1 и 6:3 за еден час и 44 минути игра. Србљак за пласманот во второто коло се избори и за еден АТП поен.

Двојки за четвртфиналето:

Калин Ивановски (4) – Мирза Башиќ
Миљан Зекиќ (1) – Ерги Киркин (5)
Неил Оберлеитнер – Саша Вајенбург (3)
Вито Тонејц – победникот од Лазар Војиновиќ/Тоби Мартин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот