
Иванов – Изи: Физичкото одржување на „Браќа Манаки“ станува се понеизвесно – големите фестивали треба да ја зачуваат формата заради која суштински постојат (ВИДЕО)
Друштвото на филмските работници на Македонија е невладина организација основана на 21 мај 1950 година. Тоа е формирано како општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот беше избран за прв почесен член. Во него членувале и членуваат водечките авторски имиња кои стојат зад македонските филмски остварувања, велат од ДФРМ.
Препорачано
-Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера ‘Браќа Манаки’, првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. ДФРМ членува во Европската федерација на режисери, Меѓународната асоцијација на кинематографери и во Европскиот продуцентски клуб. Друштвото го врши изборот на национален кандидат за наградата Оскар на Aкадемијата за подвижни слики уметност и науки, во категоријата за најдобар интернационален филм. Во Друштвото моментално членуваат над 100 филмски професионалци, посочуваат од Друштвото на филмски работници.
Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Игор Иванов – Изи, режисер и претседател на ДФРМ кој истакна дека, за жал како минува времето, физичкото одржување на Фестивалот „Браќа Манаки“ станува се понеизвесно.
-По откажувањето на три огромни фестивали од кои Манаки црпи програма, се соочуваме не само со проблем на физичко присуство во Битола, туку сега и со програма. Поголем дел од од нас кои сме вклучени во организација на „Браќа Манаки“ сметаме дека фестивал има значење на физичко присуство и сметаме дека на поголемите фестивали не им приличи да прават он-лајн изданија. Тоа е можеби добро за малите фестивали, додека големите треба да ја зачуваат формата заради која суштински постојат, изјави Игор Иванов – Изи.
ДФРМ е пред значаен јубилеј – 70 години од своето постоење и за 2020 си постави предизвици, а тоа се: да се официјализира, дефинира статусот на филмските работници што е од круцијална важност за оваа индустрија, како и да се редефинира начинот на финансирање на македонските филмови. Филмската индустрија во Македонија покажа дека може, а сега на потег се институциите и секоја поддршка е добредојдена“, смета Иванов.