Фото: Профимедиа

Италијанските научници открија нов ген кој предизвикува Алцхајмерова болест

Италијански научници од Торино открија нов ген кој предизвикува Алцхајмерова болест, покажа новото истражување, објавија вчера италијанските медиуми.

Истражувањето на неколку групи научници го координирала болницата Молинете во Торино, објави Анса.

Научниците во текот на неколку години следеле едно семејство со оваа болест во кое се појавила оваа болест и откриле дека таа е предизвикана од мутациите во генот Grin2C, кој ја кодира подединицата Nmda на рецепторот на глутамат.

Глутаматните рецептори се важни за невронската комуникација, формирањето на меморијата, учењето и регулацијата.

Понатаму, глутаматните рецептори се вмешани во бројни невродегенеративни болести поради нивната централна улога во ексцитотоксичноста и нивната дистрибуција низ централниот нервен систем.

Италијанските научници посочија дека нивната студија повикува на развој на нови лекови кои можат да ја намалат церебралната ексцитотоксичност за да го забават напредувањето на Алцхајмеровата болест.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот