Италијанската полиција во акција против Тик Ток „инфлуенсерка“: Уапсена е жена во Сицилија

Италијанската полиција во четвртокот поведе обвинение против жена од Сицилија за „поттикнување самоубиство“ со виралниот и опасен предизвик со задушување што го објави на Тик Ток. Една недела откако 10 годишно девојче случајно се задуши учествувајќи во ужасниот предизвик.

Италија во шок по загинувањето на девојчето од „ТикТок“ предизвикот, отвори истрага

Полицијата соопшти дека видеото, објавено без ограничувања на платформата на социјалната мрежа од страна на 48-годишниот „инфлуенсер“ од Сицилија, е „крајно опасно“ и може да го гледаат сите, вклучително и децата.

Италија го блокираше ТикТок за дел од корисниците по смртта на девојчето кое учествувало во предизвикот со задржување на здивот

Видеото го прикажува предизвикот помеѓу жената и мажот „во кој и двајцата ги завиткаа лицата, вклучително и ноздрите и устата, со проѕирна леплива лента, за да не можат да дишат“, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека видеото е тргнато од социјалната мрежа.

Жената што го објавила видеото објавила и бројни други слични предизвици, „кои и овозможиле да се здобие со популарност и внимание на 731 000 следбеници од различна возраст“.

Опасниот Тик Ток предизвик ја зави Србија во црно: Овој пат се обесило 10 годишно момче

На гледачите им беше дозволено да го прифатат предизвикот, рече полицијата, цитирајќи еден пост во кој еден корисник напишал „ако ми кажеш здраво, се колнам дека ќе скокнам низ прозорецот“.

Обвинителите одобрија претрес на сметките на компјутерот и социјалната мрежа на жената.

Извор: Јаху Њус 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот