Опасниот Тик Ток предизвик ја зави Србија во црно: Овој пат се обесило 10 годишно момче

Десетгодишно момче од Раковица, соседна Србија вчера било пронајдено мртво во стан. Според српските медиуми детето наводно случајно се обесило додека играло игра на Тик Ток.

Слично како и неговата врсничка од Италија која беше пронајдена во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор и мобилен телефон во раката, момчето е пронајдено обесено на кревет.

 

Италија го блокираше ТикТок за дел од корисниците по смртта на девојчето кое учествувало во предизвикот со задржување на здивот

Се претпоставува дека и двете деца го играле опасниот Тик Ток предизвик Blackout Challenge односно прифатиле учество во „играта на задушување“ или „играта на несвестица“.

Според неофицијални информации, момчето било оставено само во станот, додека неговите родители биле во продавница.

– Кога се вратија, тој не ја отвори вратата, па повикаа полиција и пожарникари кои влегоа преку терасата и го најдоа детето обесено на кревет. Од почетокот се сомневаше дека смртта настанала случајно за време на играта, и сега се верува дека тој всушност, играл предизвик за задушување на социјалната мрежа Тик Ток – изјави извор од истрагата.

Италија го блокираше ТикТок за дел од корисниците по смртта на девојчето кое учествувало во предизвикот со задржување на здивот

Овој опасен предизвик ги манипулира деца да стават јаже или каиш околу вратот. Тие за да одговорат на предизвикот треба да го стегаат каишот и да снимаат со мобилен телефон додека не се онесвестат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот