Италија во шок по загинувањето на девојчето од „ТикТок“ предизвикот, отвори истрага

Фото: Screenshot: Corriere della Serra

 Јавното обвинителство во Италија започна истрага поради смртта на 10-годишно девојче, кое учествувало во т.н. „игра на задушување” на социјалната мрежа ТикТок.

Неколку часа откако се дознало за смртта на девојчето, што предизвика гнев низ целата земја, Бирото за заштита на податоци во Рим одлучи ТикТок, доколку не може со сигурност да ја провери возраста на корисниците, да биде блокиран најдоцна со 15 февруари.

Иако според правилата на ТикТок корисниците не можат да бидат помлади од 13 години, компанијата не го спречила девојчето од 10 години да креира свој профил, соопштија италијанските власти.

Девојчетот од Палермо се заклучило во тоалетот и снимало со телефонот додека појасот од бањарката го стегала околу вратот, учествувајќи во предизвикот на ТикТок, чија цел било колку е можно подолго да се издржи без воздух. Нејзината петгодишна сестра ја пронашла во бесвесна состојба. Докторите се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат.

Јавното обвинителство во Палермо покрена истрага поради поттикнување самоубиство.

Италијанските власти наведуваат дека на платформата ТикТок и „недостасува доволно внимание за заштита на малолетниците” и го осудија лесниот пристап преку кој децата можат да се пријават на апликацијата.

Платформата за споделување видео содржини е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс и е многу популарна меѓу тинејџерите во светот. Во Европа има околу 100 милиони корисници.

– Безбедноста на ТикТок заедницата е наш главен приоритет. Подготвени сме во секој момент да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на девојчето, соопшти ТикТок. 

Италија го блокираше ТикТок за дел од корисниците по смртта на девојчето кое учествувало во предизвикот со задржување на здивот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот