
Истражување од Виена: Прекумерното користење на овој значи носи поголем ризик од рак на желудникот!
Истражувачи од Центарот за јавно здравство при Универзитетот во Виена откриле дека луѓето кои додаваат сол во поголемиот дел од своите оброци имаат дури 41 отсто поголема веројатност да развијат рак на желудникот, во споредба со оние што користат сол поретко, пишува „Живим“.
Препорачано
Претходни студии од Кина, Јапонија и Кореја веќе го поврзуваа солениот начин на исхрана со рак на желудник, но ова е една од првите европски студии што го потврдува тоа – благодарение на податоците од британската „Биобанк“.
Иако австриската студија е опсервациска, постојат и постари истражувања кои сугерираат дека вишокот сол може да го нагризе заштитниот слој на желудникот, со што се оштетуваат ткивата и се зголемува ризикот од канцерогени мутации.
„Нашето истражување ја потврдува врската помеѓу честа употреба на сол и рак на желудник, дури и во западните земји“, изјави главната авторка, нутриционистката Селма Кронштајнер-Гичевиќ.
Иако препорачаната дневна доза сол е една мала лажичка, многумина додаваат сол во оброците и без потреба. Дополнително, многу индустриски производи содржат скриена сол, па реалната дневна количина сол што ја внесуваме е многу поголема.
Додавањето малку сол може да изгледа безопасно, но истражувачите предупредуваат дека континуираното претерано користење сол може сериозно да го наруши здравјето. За време на 11-годишната студија, оние што редовно досолувале оброци имале 41 отсто поголем ризик од рак на желудник. Ова останало точно дури и по земање предвид на други фактори – како возраст, статус, навики за алкохол и пушење.
Иако при рана дијагноза шансите за преживување се високи, симптомите често се потценуваат – надуеност, тегоби и варење се најчестите, но и најлесно занемарени предупредувања.
„Со оваа студија сакаме да ја подигнеме свеста за штетните ефекти од прекумерното внесување сол и да поттикнеме мерки за превенција од рак на желудник“, рече професорот Тилман Кин од Универзитетот во Виена.