Фото: pexels-wwarby

Истражувачите откриле дека папагалите и луѓето имаат ист механизам за производство на говор

Папагалите имаат дарба да зборуваат, а начинот на кој мозокот на австралискиот папагал тигрица ја овозможува оваа дарба е неверојатно сличен на човечкиот говор, објавија истражувачите во списанието „Нејчр“ (Nature).

Досега, папагалите се единствените животни за кои се знае дека имаат центри за производство на говор слични на оние кај луѓето, вели Мајкл Лонг, научник од Универзитетот Лангоне во Њујорк, објави „Саенс Њуз“ (Science News).

Разбирањето како се произведува говорот во мозокот на папагалот може да помогне да се разјасни што не е во ред кај одредени комуникациски нарушувања кај луѓето.

Папагалите тигрица ( Melopsittacus undulatus ) имаат тропски бои и се многу интелигентни. Овие папагали се особено дружељубиви и разговорливи, што ги прави интересни истражувачки субјекти за проучување на говорот. Лонг и неговиот колега од колеџот Лангоне, Зетиан Јанг, го следеле однесувањето на поединечните нервни клетки во мозокот на четири од овие птици додека тие чврчореле.

Активноста на овие клетки, лоцирани во дел од мозокот наречен преден аркопалиум, е поврзана со звуците што ги испуштаат птиците, открија тие.

Лонг ја споредува оваа нервна организација со тастатура која може да произведе низа звуци – согласки, самогласки, високи и ниски тонови.

„Папагалот е способен да генерира произволни звуци во својот универзум само со свирење на оваа вокална тастатура“, рече Лонг.

Генерално, овој флексибилен систем има организација слична на човекот. Сличностите меѓу човечкиот и папагалскиот мозок, невронски гледано, укажуваат на тоа дека двата вида ги решаваат проблемите на сличен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот