Истражна постапка за жител од Негорци кој се обидел да шверцува марихуана на граничниот премин „Богородица“

грчка граница грција ГП Богородица Евзони
Македонско-грчка граница, ГП „Евозни“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Негорци за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На 17 февруари, осомничениот неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана од Негорци во Република Грција. Дрогата била спакувана во пет пакувања со вкупна тежина од 5.066,9 грама, скриени во багажниот простор во резервна гума од автомобил „Ауди“ со гевгелиски ознаки. Царинските службеници ја пронашле марихуаната при контрола на граничниот премин „Богородица“.

Од Републичкото јавно обвинителство посочуваат дека со оглед на тоа што постојат околности кои го оправдуваат стравот оти осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифатил предлогот и со решение му определил притвор на осомничениот во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот