Исчезна млада жена од дебарското село Могорче

Фото: Petrovskyz / Wikimedia

Вчераутро во Одделението за внатрешни работи во Дебар, А.М.(38) од селото Могорче пријави дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.М.(37), информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој додава дека се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатата жена. Од полицијата велат дека жената немала здравствени проблеми, со себе имала телефон, но откако излегла од домот, не се јавувала на повици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот