Иранскиот претседател вели дека Израел не постигнал ниту една од своите цели во Газа

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека Израел „не постигнал ниту една од своите цели“ во повеќе од 40 дена војна против Хамас.

Како што јави агенцијата ИРНА, Раиси рече дека „непријателот е поразен“.

– Со привремениот прекин на огнот мораме да кажеме дека палестинскиот народ и отпорот постигнаа голема победа, додаде иранскиот претседател.

– Ционистите најавија дека ќе ја заземат Газа и дека сакаат да го уништат отпорот, но тие не постигнаа ниту една од овие цели, рече Раиси.

Примирјето требаше да стапи во сила денеска, но е одложено за утре.

Се очекува примирјето да ги олесни страдањата на повеќе од 1,7 милиони Палестинци кои ги напуштија своите домови поради тековните израелски бомбардирања, а семејствата во Израел се загрижени за судбината на своите најблиски кои беа киднапирани во нападите на Хамас на 7 октомври кога почна војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот