Иран негира постоење на воена димензија во вселенската програма

Иран во неделата лансираше нов научен сателит за набљудување „Зафар”, но не успеа да го постави во орбитата.

Иранскиот министер за одбрана Амир Хатами негираше дека иранската вселенска програма има воена димензија, како што тврди Вашингтон.

Ова е објавено неколку дена откако Техеран направи неуспешен обид за лансирање на сателит во орбитата.

Средствата за лансирање на сателитите и сателитите се цивилни прашања, рече министерот за одбрана Амир Хатами, јави официјалната новинска агенција Ирна.

Тој рече дека во светот не постои никаква забрана против иранската вселенска програма, дека лансирањето на сателитот не е дефанзивно и оти тоа е право на иранската нација.

Иран во неделата лансираше нов научен сателит за набљудување „Зафар”, но не успеа да го постави во орбитата.

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео, вчера го обвини Иран дека сака да ги засили своите способности во областа на балистичките ракети преку лансирање сателити.

– Технологиите што се користат за ставање сателити во орбита се практично идентични и взаемнозаменливи со технологиите што се користат за интерконтинентални балистички ракети, изјави Помпео.

Хатами рече дека Иран ќе продолжи да ја развива својата вселенска програма и оти очекува на почетокот од наредната година да биде лансирана и новата верзија на сателитот Зафар. Тој рече дека ракетата „Симорг” ќе се користи за лансирање на „Зафар два”, истата што е користена за неуспешното лансирање на сателитот во неделата.

Хатами исто така рече дека Иран ќе продолжи со истражување на проектили и сателити сè додека не достигне стабилност во таа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот