Ипард2 програма: Над 40 земјоделци од велешко добија средства за приклучна механизација

Фото: zelenaberza.com.mk

Земјоделците пријавиле голем интерес за Мерка 1 за набавка на приклучна механзација во рамки на ИПАРД 2 програмата. Од 50-тина апликанти, 40-тина биле земјоделци од поширокиот велешки регион. Од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделието – Подрачна едница Велес информираат дека моментно се склучуваат договори со Платежната агенција за набавка на приклучна механизација.

Тони Тасков од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството – Подрачна единици Велес, истакна дека ова се средства од последниот повик на ИПАРД 2, кој беше наменет исклучиво за набавка на приклучна механизација за трактор.

– По потпишување на договорот, земјоделецот има рок од шест месеци за набавка на механизација, по што ќе му се вратат дел од средствата во висина од 50 до 75 проценти, во зависност дали е млад земјоделец, дали е рурално подрачје, планинско место и други критериуми, појасни Тасков.

Тој информира дека поради доцнење, постапката сега се поклопува и со Програмата за рурален развој за набавка на трактори со буџет од Владата. Исто и за оваа програма, како што посочи Тасков, моментно се објавени резултатите и се потпишуваат договорите. Од поширокиот велешки регион преку оваа програма добиле и моментно потпишуваат договори околу 40-тина земјоделци за набавка на помал трактор, информира Тасков.

Најголем интерес пројавиле и земјоделци од селата Виничани и од Иванковци, а на последниот повик има пријавени и од планинските села во Општина Чашка, како Горно Јаболчиште.

Тoj воедно информира дека до 15 март се подготвува компјутерскиот систем за информации и се надополнува со нови информации за земјоделците поврзани во врска со промени на површините на земјиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот