Милорад Додик АП Фото/Армин Дургут

Интерпол повторно одби да издаде налог за апсење на Додик

Интерпол ја одбил жалбата испратена преку Интерпол Сараево, по барање на Уставниот суд на Босна и Херцеговина да ја разгледа одлуката да не се издава црвена потерница за раководството на Република Српска, дознава порталот „Проверено“, пренесува РТРС.

Барањето е одбиено со истото образложение како и првиот пат, се работи за политички мотивирана акција и Интерпол согласно член 3 од Статутот не може да распише налог за апсење.

На 2 април, Интерпол одби да издаде црвена потерница за претседателот на Република Српска Милорад Додик и за претседателот на Националното собрание Ненад Стевандиќ.

Потоа, на 16 април, Уставниот суд на Босна и Херцеговина побара преиспитување на таа одлука, но и тоа барање беше одбиено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот