Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен најверојатно ќе се раздели со Интер/Фото: EPA-EFE/Stuart Franklin

Интер донесе одлука во врска со Ериксен кој колабираше на Европското првенство

Актуелниот италијански шампион Интер донесе одлука во врска со Кристијан Ериксен, најплатениот играч во клубот од „Џузепе Меаца“. Платата на Ериксен за оваа сезона е 7,5 милиони евра.

Да потсетиме, данскиот репрезентативец доживеа срцев удар на првиот натпревар од минатото Европско првенство, по што лекарите му го спасија животот на теренот. Му беше вграден дефибрилатор, се чувствува добро, но не смее да игра за Интер бидејќи Италија го брани натпреварувањето на професионално и аматерско ниво на секој со сериозни проблеми со срцето.

Тоа значи дека му е дозволено да игра за клубови кои се натпреваруваат надвор од Италија и токму таму Интер се надева дека ќе најде место за него.

Клубот потврди дека е подготвен да го пушти Ериксен бидејќи не може да го пријави за настапи. Во објавеното соопштение се потсетува на причините поради кои не може да игра во Италија, но и дека може да игра за клубови надвор од неа.

– Поради тешката повреда што се случи за време на Европското првенство, лекарите привремено го спречија играчот да спортува оваа сезона. Сегашните услови во кои се наоѓа играчот не ги исполнуваат правилата да се биде професионалец во Италија, но тој би можел да продолжи да се натпреварува во други земји – се вели во соопштението на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот