Инспекции во Општина Центар: Отстранети трафика и гаражи без соодветна документација

Фото: mia.mk

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и денеска продолжи со активностите за отстранување објекти без соодветна документација. Со денешната акција на општината се опфатени еден времен објект (трафика) што се наоѓаше на улица „11 Октомври”, во централното градско подрачје, во близина на Црвениот Крст, како и два помошни објекти (гаражи) во населбата Дебар Маало, кои исто така не поседуваат соодветни решенија за поставување.

– Откако инвеститорите, односно сопствениците, не постапиле по издадените решенија за отстранување на нелегалните градби во законскиот рок од 3 дена, општината со градежна механизација ги отстрани, а трошокот за отстранувањето ќе падне на товар на инвеститорите, соопшти Општина Центар.

За дополнително ослободување на јавните површини во Капиштец отстранети се и 11 паркинг блокатори поставени без соодветна документација на улицата „Васил Ѓоргов”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот