ИНФОГРАФИК: Која земја има најевтин мобилен интернет?

мобилен телефон
Мобилни телефони / Фото: Unsplash

Израел го има најевтиниот мобилен интернет во светот, каде еден гигабајт во просек чини само 0,04 долари. Секој трет Израелец има мобилен телефон, а земјата има уште поголема пенетрација на паметни телефони од САД. Веб-страницата за споредба на цени со седиште во Велика Британија, cable.co.uk, анализирала 5.292 мобилни податоци во 233 земји.

Италија се наоѓа на второто место на глобалното рангирање, со цена од 0,12 долари за 1 гигабајт. Земјата има одлична интернет инфраструктура со 5Г мрежата која сега е достапна за околу 95 отсто од нејзините жители. Го одржува и интернетот на соседниот Сан Марино (0,14 долари), кој се наоѓа на третото место на глобалното рангирање.

Според Ден Хаудл, аналитичар за потрошувачки телекомуникации на cable.co.uk, многу од најевтините земји имаат одлична мобилна и фиксна широкопојасна инфраструктура која им овозможува на провајдерите да понудат големи количини на мобилен интернет по евтини цени. Во некои земји, економските услови ја диктираат цената која треба да остане ниска за луѓето да можат да си ја дозволат.

Некои од најскапите цени за интернет, сепак, се во оддалечените островски нации во Африка и Јужна Америка. На пример, Фолкландските Острови се рангирани на 231 место со 1 GB интернет кој чини 38,45 долари, додека истиот износ на мобилен интернет на островот Света Елена, британска прекуморска територија лоцирана во јужниот дел на Атлантикот, чини во просек 41,06 долари – повеќе од 1.000 пати повеќе од на Израел.

Северна Америка е најскапа во целина, со просечна цена од 4,98 долари за 1 гигабајт, што е повисоко од глобалниот просек од 3,12 долари. Канада е најскапа во регионот (5,94 долари), потоа САД (5,62 долари), додека Гренланд е најевтин (3,36 долари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот