
Инфективна преполна, од вечерва нови пациенти прима модуларната болница
Само неколку часа откако министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се полнат повеќето инфективни одделенија во болниците низ Македонија како и капацитетите во Скопје, веќе вечерва потврди дека од вечерва е активирана модуларната болница поставена во близина на Инфективна клиника.
Препорачано
– Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни оделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата. Во текот на вчерашниот ден немаше слободни места во Куманово, во Струмица, во Велес и тие пациенти беа препраќани во Скопје. Пет пациенти се примени во „8 Септември”, 13 на Инфективната клиника. Таму има слободни уште десетина места и ја спремаме модуларната болница со цел да се намали притисокот кон болницата „8 Септември” за да може другите пациенти да добиваат здравствена услуга. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме, рече попладнево министерот за здравство.
Филипче апелира до граѓаните: Следниот чекор е целосен карантин
Вечерва вклучените светла во модуларната болница укажуваат дека се примаат првите пациенти, а во неа се повикани да работат лекари и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Во последните 24 часа беа регистрирани 393 нови болни од ковид-19 во земјава од направени 2 464 тестирања, соопшти попладнево Министерството за здравство.