Фото: Profimedia

Го откриле откако имал секс со маж во јавен тоалет: Џорџ Мајкл долго ја криел својата хомосексуалност од јавноста, а тоа го уништило

Џорџ Мајкл, познатиот британски пејач и музичар, почина на 25 декември 2016 година во својот дом во Англија, на 53-годишна возраст, пишува „Стил“.

Според официјалниот извештај од патолог, причината за смртта била природна – дилатативна кардиомиопатија со миокардитис и масна болест на црниот дроб. Тоа значи дека неговото срце било зголемено и ослабено, што го отежнувало неговото функционирање, а имал и воспаление на срцевиот мускул и масно натрупување во црниот дроб.

Иако претходно медиумите шпекулираа за можна поврзаност со дроги, токсиколошките наоди не покажале присуство на илегални супстанци што би ја предизвикале смртта. Неговата смрт е прогласена за ненасилна и без сомнителни околности.

Сепак, вистината е дека Џорџ Мајкл неколкупати се обидел да си го одземе животот. Биографите сведочат дека бил изморен, психички исцрпен и заглавен во врска од која не можел да излезе.

Неговата креативност пресушила, пишувањето песни му станало агонија, а се чувствувал како да живее само од стара слава, што дополнително го уништувало.

Која песна се смета за автобиографска?

Според биографите, песната „My Mother Had a Brother“ од албумот „Patience“ е најавтобиографската песна на Џорџ Мајкл. Таа зборува за неговиот вујко Колин – геј маж кој страдал од ментално нарушување и на крајот извршил самоубиство.

Оваа семејна приказна длабоко го обележала Џорџ, кој се чувствувал виновен што и самиот е геј. Елтон Џон, по неговата смрт, изјави дека верува оти Џорџ никогаш не бил среќен што е геј, што објаснува многу од неговото страдање.

Џорџ Мајкл живеел во страв дека ќе ја повтори семејната историја

Мајкл се плашел дека ќе ја наследи шизофренијата од вујкото, што ќе доведе до негово самоубиство – исто како што починале и вујкото и дедото. Вујко Колин умрел во 1964 година на 38 години од предозирање. Се верува дека бил тајно геј. Мајкл верувал дека и неговиот дедо извршил самоубиство во 1960 година.

Мајкл дознал за вистината дури кога наполнил 16 години, а неговата мајка му признала дека нејзиниот брат бил геј, но не можел да го прифати тоа бидејќи хомосексуалноста тогаш била нелегална во Британија.

Сите таги во животот на Џорџ Мајкл

Првиот напад на депресија го доживеал по смртта на неговиот партнер Анселмо Фелепа, кој починал од сидa во 1993 година. Нов удар дошол во 1997 кога му починала мајка му од рак.

Тој раскажал дека мајка му се плашела дека ќе го „наследи геј генот“ и не му дозволувала да се дружи со геј луѓе. Дури не му било дозволено да оди во станот над семејниот ресторан ако таму бил геј келнер, „за да не се зарази“.

Таа му ја кажала вистината за вујкото дури кога наполнил 16 години, а тогаш дознал и дека и дедото и вујкото се самоубиле на ист начин – ставајќи ја главата во рерна и пуштајќи гас. Неговата мајка ги пронашла и двајцата.

Скандалот што му го смени животот

Мајкл долго ја криеше својата сексуалност, плашејќи се од реакцијата на јавноста и семејството. Но подоцна стана гласен поддржувач на ЛГБТК+ заедницата. Врската со Анселмо ја инспирирала емотивната песна „Jesus to a Child“.

Во интервју од 1999 изјави: „Сериозно почнав да користам дрога пред да се распадне Wham! и кога сфатив дека не сум бисексуалец, туку дека ме привлекуваат само мажи. Тоа ја уби мојата мајка“.

За да го одржат имиџот на секс симбол, неговиот тим за односи со јавноста му обезбедувал девојки за јавноста, како Брук Шилдс и манекенката Кети Џанг, но приватно тој имал кратки и безобѕирни афери низ сите градови каде патувал.

Еден пријател открил дека знаел да резервира цели ресторани од страв дека некој ќе дознае нешто за него. Живеел во постојан страв – бил геј маж претставен како модерниот Елвис, но се чувствувал како измама.

Крајот

Во 1996 година ја започнал врската со дизајнерот Кени Гос, со кого бил 13 години во отворена врска. Светот официјално дознал дека е геј во 1998, кога бил уапсен за геј секс во јавен тоалет во Беверли Хилс. Осуден бил на општествено корисна работа, а самиот го нарекол тоа „најпонижувачкиот момент во животот“.

Од тој момент животот му тргнал надолу. Се свртел кон дрогата, која ја користел од рано утро до несвест. Неговите куќи во Лондон и Лос Анџелес биле сцени на разузданост. Инцидентите биле прикривани, но вистината е дека Џорџ бил длабоко депресивен и не снимал речиси ништо.

Во мај 2013 се фрлил од движечки ренџ ровер, а неговиот тогашен партнер Фади Фаваз рекол: „Така сакаше да умре. Животот му заврши одамна. Луѓето го сакаа поради она што некогаш бил.“

На Божиќ во 2016 година, Фади го пронашол мртов. Иако на почетокот постоеше сомневање за самоубиство, полицијата утврди дека се работи за природна смрт предизвикана од срцев застој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот