Фото: Профимедиа

Има 73 години но се однесува како тинејџер: Актерот ја остави сопругата по 35 години брак, а сега ужива со оваа млада убавица (ФОТО)

Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ приватно не е толку воздржан како пред камерите…

Британскиот актер Чарлс Денс (73), во последно време е најпознат по својата улога во серијата „Игра на тронови“, а овој викенд во Венеција тој го промовираше новиот филм, но пронајде време и за себе.

Овој 73-годишен актер фотографите го уловиле во друштво на младата убавица со која разменуваше нежности и се бакнувалше со неа во морето. Тој гордо ги покажал своите мускули во шорцевите за капење, а со својата девојка очигледно уживал цело попладне.

Фото: Профимедиа

Чарлс кој го глумеше Тивин Ленистер во „Игра на тронови“, беше во брак со Хуана Хејторн од 1970-та до 2004-та година, а поранешниот пар има две возрасни деца. По разводот тој бил во врска со актерката Софија Мајлс, која во тоа време имала 20-на години, но љубовта не потрајала долго.

Фото: Профимедиа

Исто така го поврзуваа и со манекенката Шамбала Марте, а со актерката Еленос Бурман бил во врска четири години. Тие дури и се верија во 2012 година, ја добија ќерката Роуз, но ја прекинаа врската неколку месеци подоцна. Името на својата нова девојка се уште не го открил, но фотографите ги уловија во неколку наврати ова лето.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот