Илјада луѓе уапсени во Турција, по бомбашкиот напад пред два дена

Турција полиција / Фото EPA-EFE/SEDAT SUNA

Турската полиција уапси речиси илјада луѓе во неколку рации низ земјата, вклучително и десетици кои наводно биле поврзани со курдските милитанти, на два дена по самоубиствениот бомбашки напад во Анкара.

При апсењата се повредени 12 припадници на Курдистанската работничка партија. Во акцијата се запленети над 840 парчиња оружје.

Акцијата насочена кон членовите на курдистанската работничка партија се случува откако групата ја презеде одговорноста за нападот во Анкара во кој беа повредени двајца полицајци.

Неколку часа подоцна Турција почна воздушни напади против курдите во северен Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот