
Илиевски: Работнички ќе стори сѐ да стигне до позитивен резултат против Шкупи
Работнички в понеделник од 17.00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја отвора новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Препорачано
Противник на „романтичарите“ е Шкупи кој веќе е во натпреварувачки ритам поради настапите во Конференциската лига на УЕФА.
Тренерот на Работнички, Милан Илиевски вели дека тимот е подготвен за првенствениот старт и очекува тежок и неизвесен натпревар против Шкупи.
– Имаме максимален респект за Шкупи, тие се во натпреварувачки ритам, а ние допрва ќе фаќаме залет. Мислам дека одработивме одлични подготовки, игравме против силни екипи и тоа требаше да биде вистинска увертира за првенствените предизвици што нѐ очекуваат. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание и очекувам тежок и неизвесен натпревар. Кога ќе почне првенството, тогаш секако дека бодовите се најважни, а ние ќе сториме сѐ да стигнеме до позитивен резултат на стартот – вели Илиевски.
Главен судија на натпреварот Работнички – Шкупи ќе биде Александар Ставрев од Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
29мин
-
46мин
-
56мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5