Игор Стефановски - Иџе/фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Игор Стефановски со две втори места во Чешка во Европскиот шампионат на ридски патеки

Нов тркачки викенд за македонскиот автомобилист Игор Стефановски во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе со својот „Ферари 488 Челинџ Ево“ на првата трка во Чешка го освои второто место (3:15.037), зад победникот Лиридон Календери од Косово (3:08.372), додека трет заврши Домагој Перековиќ од Хрватска (3:19.541) во категоријата 1.

На втората трка Стефановски исто така беше второпласиран со време од 3:31.443, повторно најдобар беше Календери (3:20.406), а на третата позиција овој пат се најде Шимон Пиеков од Полска (3:32.849).

Резултатите од сите категории можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот