
Игор Николов, советник на Мицкоски, предложен за амбасадор во Франција
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека еден од неговите советници, проф. д-р Игор Николов, кој го советувал за здравствена политика, во Владата на вчерашната владина седница е предложен да биде нов амбасадор на земјава во Франција.
Препорачано
-Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика чијшто договор ќе престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција – изјави Мицкоски.
Мицкоски има 17 соработници, дел од нив со месечен хонорар од 90 илјади денари
Тој вчера соопшти дека има вкупно 17 советници, од кои тројца или четворица се со целосно работно време имаат месечен хонорар од 90.000 денари. Останатите имаат плата од 60 илјади денари.
– Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари – изјави тој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
Мицкоски вчера ја прифати забелешката на новинарите за необјавувањето соопштенија од владините седници и, како што рече, „ќе се потрудиме веднаш по оваа прес-конференција сите соопштенија што недостасуваа да ги објавиме на страната на Владата“, но ниту денеска на веб-страницата на Владата не се достапни имињата на советниците.
Владата не ни одговара, не кажува кои се советниците на Мицкоски, па ги дознаваме од Фејсбук!