ИФИМЕС: ЕУ блефира и прави нова историска грешка со Македонија

Голема е одговорноста на Франција која се обидува да ја искористи бугарската блокада со цел да го запре процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, кој има вкупно 18 милиони жители, што е помалку од половина од населението во Полска.

Европската Унија треба да го исполни ветувањето за Северна Македонија која исполни сè што ЕУ и побара и да одобри почеток на преговори за членство, бидејќи на таа земја треба да и се даде шанса да ја покаже својата подготвеност и потенцијал во преговарачкиот процес, пишува меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС во својата најнова анализа за Македонија и нејзиниот пат кон Унијата.

„Македонскиот идентитет и јазик се единствени и ниту една меѓудржавна комисија не може да ги смени, како што не може да ги смени ниту погледот кон историјата и историските личности што е длабоко вкоренето во свеста на македонскиот народ. Постојат бројни примери на различни погледи на историјата во самата ЕУ. Обидот на Бугарија и дозволувањето на Бугарија да ги оспори македонскиот идентитет и јазик во 21 век е голем пораз за ЕУ и нејзините вредности. Припишувањето на блокадата за почеток на македонските преговори со ЕУ на Бугарија е само изговор за клучните земји на ЕУ и блефирање на јавноста во ЕУ за блокирање на патот на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан кон членството во ЕУ“, пишува ИФИМЕС.

Аналитичарите сметаат дека е потребно да се исправи историската грешка направена за време на германското претседателство со ЕУ и да се донесе одлука за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ. Притоа, голема е одговорноста на Франција која се обидува да ја искористи бугарската блокада со цел да го запре процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, кој има вкупно 18 милиони жители, што е помалку од половина од населението во Полска. Одложувањето на одлуката за почеток на преговори може да значи и заминување на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан во некои други геополитички и интересни сфери.

„Позицијата на Северна Македонија е многу ранлива, бидејќи патиштата на меѓународниот криминал и мафијата водат низ таа земја и таа е полигон за безбедносно разузнавање. Затоа, процесот на започнување преговори за членство во ЕУ може да биде клучен импулс за стабилноста на таа земја и на Западен Балкан. Во спротивно, регионот може да биде загубен за ЕУ засекогаш. На Северна Македонија и регионот на Западен Балкан им треба помош од американските безбедносни разузнавачки агенции за справување со криминалот и корупцијата, исто како што американските агенции и помогнаа на Италија да се справат со мафијата по завршувањето на Втората светска војна“, пишува меѓудругото ИФИМЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот