Иднината започна – пристигна дигиталниот пасош

Иднината на патувањето е со дигитални пасоши и доколку пилот-проектот што моментално го спроведува Финска се покаже како успешен, веројатно ќе стане практика во сите земји од Европската Унија.

Финска е првата земја во светот која во моментов тестира дигитално патување. Сите Финци на летовите на „Финер“ кои патуваа за Лондон, Манчестер и Единбург, деновиве можеа да го тестираат својот дигитален патен документ, пишува веб-страницата „Шенген виза инфо“. Ова овозможи побрзо минување низ контролите и помалку одложувања на аеродромите. Според податоците на граничната полиција, поминувањето низ граничните контроли е брзо и овозможува поголем проток на патници. Во спротивно, патниците ќе можат да поминат побрзи процедури со пријавување како доброволни корисници на дигитален патен документ.

Откако ќе се регистрираат, тие ќе можат да го користат својот дигитален документ при патување од Финска и при враќање во оваа земја. Сепак, беше нагласено дека документот може да се тестира само на аеродромот во Хелсинки. Оние кои ќе се пријават во системот ќе можат да го тестираат дигиталниот патен документ до крајот на февруари 2024 година. Дигиталниот патен документ, познат како DTC, е тестиран за прв пат во светот и е електронска форма на класичниот пасош и е сигурен.

– DTC е дигитална верзија на физички пасош и е подеднакво сигурен. Овозможува непречено и брзо преминување на границата без загрозување на безбедноста – најави финската гранична служба. Одлуката на Финска да ги тестира дигиталните патни документи всушност е донесена според идејата на Европската комисија со цел да се стекне искуство во некои од земјите-членки на ЕУ.

Откако ќе се соберат потребните информации, Комисијата планира да претстави предлог за имплементација на овој проект во сите други земји-членки. Тие наведуваат дека проектот е финансиран од комисијата, а има за цел на сите да им го олесни процесот на патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот