Златан Ибрахимовиќ/фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Ибрахимовиќ: Направивме грешка и им се извинуваме на навивачите на Милан

Пауло Фонсека доби отказ во Милан, а сега за тоа се огласи и Златан Ибрахимовиќ, оперативецот на овој италијански фудбалски клуб.

– Одлуката за отказ дојде веднаш по натпреварот со Рома. Направивме грешка што го пуштивме на прес-конференција и сега им се извинуваме на навивачите. Би сакал да му се заблагодарам на Пауло за тоа колку професионален беше за време на мојот престој овде. Тој ја има мојата целосна почит за тоа. Причина за отказот беше неконзистентноста во резултатите. Кога си во Милан, резултатите се многу важни. Несреќни сме што не ги постигнавме нашите цели. Првиот и следен чекор е освојување на Суперкупот на Италија – изјави Ибрахимовиќ.

Замената на Фонсека беше избрана за само неколку часа. Сержо Консеисао брзо се договори за соработка со Росонерите.

– Одговорноста за неуспехот не оди само на душата на тренерот, туку на сите нас во клубот. Добро или лошо, Милан секогаш мора да биде подготвен за следниот чекор. Сега ви го претставуваме Сержо Консеисао. Секој знае кој е тој. Има карактер на победник, многу е директен. Во Порто беше добар, забележа одлични резултати – рече Ибрахимовиќ.

Милан моментно оваа сезона во Серија А се наоѓа на осмото место со 27 бодови, 14 помалку од водечките Аталанта и Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот