Илустративна фотографија за утринска вртоглавица / Фото: Profimedia

Иако е честа појава – внимателно: Шест причини за утринска вртоглавица и нестабилност

Многумина се будат со чувство дека сè околу нив се врти или дека немаат стабилност при станување од кревет. Вртоглавицата е честа појава и во повеќето случаи кратко трае и спонтано исчезнува, но доколку редовно се повторува веднаш по будењето, може да укажува на прикриен здравствен проблем, пишува „Е-клиника“.

Во продолжение, прочитајте кои се најчестите причини за утринска вртоглавица.

1. Дехидратација

Недостатокот на течности преку ноќ може да предизвика омалаксаност и нестабилност. Симптомите се жед, сува уста, умор и главоболка. Дехидратацијата може да се јави поради недоволен внес на вода, спиење во загреана просторија, алкохол, кофеин или земање лекови со диуретичко дејство.

2. Низок крвен притисок

Ортостатска хипотензија, односно нагло опаѓање на притисокот при станување, е чест утрински проблем. Може да доведе до заматен вид, вртоглавица, па дури и несвестица. Помага бавното станување, носење еластични чорапи или прилагодување на терапијата.

3. Низок шеќер во крвта (хипогликемија)

Најчесто ги погодува лицата со дијабетес, особено ако користат инсулин. Симптомите се треперење, потење, заматен вид, замор и конфузија. Но хипогликемија може да се јави и кај здрави лица, особено по прескокнување оброк или прекумерен алкохол.

4. Лабиринтитис

Инфекција на внатрешното уво која го нарушува системот за рамнотежа. Симптоми: силна вртоглавица, зуење во ушите, главоболка, мачнина и двоен вид. Обично следи по настинка или грип. Лекувањето вклучува одмор, течности и, по потреба, медикаменти.

5. Несакани ефекти од лекови

Некои антибиотици, диуретици, аналгетици, антиепилептици, антидепресиви и други препарати можат да предизвикаат вртоглавица. Во тој случај неопходна е консултација со лекар за промена или прилагодување на терапијата.

6. Опструктивна апнеја во сон

Пореметување при кое дишните патишта се блокираат за време на сон, што предизвикува пад на кислородот и утринска вртоглавица. Чести симптоми: гласно ‘рчење, будење со гушење, утрински главоболки, проблеми со концентрацијата и изразен замор преку денот. Нелекувана апнеја може да зголеми ризик од срцеви заболувања и дијабетес.

За превенција се препорачува: доволен внес на течности, балансирана исхрана, избегнување алкохол и цигари, физичка активност и квалитетен сон.

Доколку вртоглавицата е ретка, најчесто нема простор за загриженост. Но ако се повторува често, или е придружена со болки во градите, забрзано чукање на срцето или силни главоболки – потребна е итна лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот