И во училиштата во Ѓорче Петров се крева гласот против врсничкото насилство

Шест основни училишта од Ѓорче Петров стануваат дел од кампањата на „Макпетрол“ насочена кон решавање на проблемите поврзани со врсничко насилство меѓу децата и младите „Крени глас против врсничкото насилство“, за што е потпишан Меморандум за соработка.

„Макпетрол“ во училиштата во Ѓорче Петров денес започна со работилници кои ќе ги води психотерапевт со практично искуство за оваа тема, а на кои учениците ќе може да се запознаат со проблемот на булинг, односно со начините за превенција на ситуации со врсничко насилство, нивно решавање и надминување на последиците од нив – информира градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој смета дека е одлична  иницијативата за ваков вид кампања во моменти, кога за жал, се почесто се забележуваат случаи на врсничко насилство.

Општина Ѓорче Петров веќе го „вклучи алармот“ и преку повеќе форми го засили влијанието во образовните институции во врска со оваа појава. Организирани се повеќе средби во општината на кои присуствуваа сите надлежни институции и на кои веќе се разговараше како да се намали или целосно елиминира оваа појава.  Да се постави темел како ќе се работи во иднина, почести родителски средби, средби на советите на родители, преземање итни мерки во соработка со полицијата и други вклучени страни, доколку се забележи алармантен случај на недолично однесување во основните училишта. Ова беа само дел од заклучоците од средбите – вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

Стојкоски очекува овие работилници и обукипозитивно да влијаат врз најмладите, со што ќе се придонесе за здрав развој и просперитетна младина во Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот