
И ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери англискиот на Бојан Христовски, „преку обвинителите што ги избрало СДСМ“
Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДСМ ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ која побара нова истрага за јазичниот сертификат на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, зашто претходната истрага како што рече била во насока да се заштити Христовски и да се заташка случајот.
Препорачано
СДСМ да не заборава дека судиите и обвинителите се истите тие кои они ги донесоа од тефтерите на бироата во Зајас и Муртино. Заврши времето на „овој ми е брат” или „од партија е не го чепкај”, сега секој еден без разлика на партиска, верска или етничка припадност, ќе си одговара за одредена работа доколку има докази за истото. Повторно СДСМ растура пердуви и секој ден пресовите им се на база на тоа, кој ќе напише полош текст – истиот да се објави. Го повикуваме обвинителството да го провери случајот, а доколку испадне дека нема вистина во истото, СДСМ јавно да се извини.