И вечерва блокиран граничниот премин Евзони кон Македонија

Фото: Твитер

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења.

Според истите информации, блокадата траела околу час и половина.

Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот