И покрај протестите низ земјата, индискиот опозициски лидер доби десетдневен притвор

Арвинд Кејривал / Фото EPA-EFE/RAJAT GUPTA EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Судот во Индија денеска нареди две недели притвор на опозицискиот лидер Арвинд Кејривал по истекот на неговиот 10-дневен притвор во федералниот затвор, потег за кој опозициските партии велат дека е дел од пресметките на премиерот Нарендра Моди со ривалите, во пресрет на парламентарните избори кои треба да се одржат овој месец.

Кеџивал е началник на Њу Делхи и лидер на Партијата Ам Адми (Партија на обичниот човек) која е дел од опозицискиот блок партии „Индија“ кој е главен предизвикувач на владејачката партија на Моди, Бхаратија Џаната.

Тој беше уапсен на 21 март од страна на федералната полиција контролирана од Владата на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди, под обвинение дека тој и неговата партија примиле мито од една милијарда рупии (11 милиони евра) од добавувачи на алкохол пред речиси две години, што тие остро го негираат.

Неговото апсење предизвика масовни протести низ целата земја, а партијата Ам Адми објави дека Кеџивал ќе остане местото началник на Њу Делхи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот