Фото: Flickr/Profimedia

„И на 50 и на 80 години, жената има на што да се радува во животот“ – славната Брижит Бардо и на 90 години е полна со оптимизам

Славната Брижит Бардо во текот на животот се соочувала со бројни предизвици. Со текот на времето, како и сите ние, морала да ги прифати своите години, но и фактот дека убавината и младоста се минливи.

Но, како што вели, сфатила дека жената сфатила дека жената и на 50 и на 80 години има на што да се радува во животот.

„Треба да се живее за малите нешта. За зората во пет наутро и зајдисонцето во пет навечер, за патувањата, за возење велосипед со музика во ушите и ветер во косата, за танцување на дожд, за смеење додека не те заболи стомакот. За омилените песни и добрите книги, заради насмевките без причина, заради колачите и чајот, заради одморот после долг напорен ден, за сјајот во очите. Живејте за ноќните авантури и за ѕвездите што ве гледаат како седите дома. Живејте за луѓето кои се сеќаваат дека пиете чај без шеќер и мразите кромид. Живејте за малите нешта кои прават да се чувствувате живи“, рече таа во една прилика.

Денес се трудиме да поправиме сè визуелно, да одиме на различни корекции, да се доведеме себеси до непрепознатливи и да глумиме. А реалноста е поинаква и однатре сме празни.

Многу жени знаат да западнат во депресија кога ќе сфатат дека животот минува и можеби ќе мора да останат сами, а тогаш би требало да се послушаат себеси, да погледнат наоколу и да продолжат да живеат со полни гради, советува славната убавица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот