Пензионери во Германија/ Фото: Michael Gstettenbauer / imago stock&people / Profimedia

И германските пензии не се она што беа порано

Јазот меѓу богатите и сиромашните во Германија расте уште повеќе кај постарата популација. Најновите податоци од Германскиот федерален завод за статистика (Destatis) покажуваат дека секој петти пензионер во земјата има максимум 1.400 евра месечно. Друга петтина од пензионерите (20 проценти) мора да преживеат со максимум 1.790 евра месечен приход, пишува агенцијата DPA- пренесе Каматица.

За разлика од овие групи, има 20 проценти од пензионерите кои имаат најмалку 2.870 евра месечно за живот. Статистичарите во оваа пресметка вклучија само пензионери над 65 години, што вклучува 16,5 милиони луѓе. Во пресметката беше користен модел на пондериран приход со цел рамномерно да се споредат приходите на луѓето што живеат во домаќинства со различна големина.

Бројот на пензионери во групата над 65 години се зголеми од 15,9 милиони во 2021 година. Тогашниот просечен приход од 1.820 евра во меѓувреме се зголеми за девет проценти, што е за два процентни поени помалку од просечниот раст на приходите на целото население.

И покрај овој раст на пензиите, сè повеќе пензионери се принудени да бараат државна помош. Моментално станува збор за 739.000 луѓе, во споредба со 690.000 една година претходно. Тоа е дури 31 процент повеќе во споредба со 534.000 корисници на крајот на 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот